Македонија
20. April 2026 - 16:39
За обвинетиот Kрмзов предметот против него е конструкција, обвинителството најави цврсти докази
Во судот денеска продолжи постапката против струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, обвинет за перење пари и злоупотреби со ДДВ, со штета проценета на десетици милиони евра.
Обвинетиот денеска пред судот негира вина и тврди дека случајот е конструиран, со цел, како што вели, да му се одземе имотот и да се наруши неговиот углед кој го градел изминатите 35 години. Неговата одбрана посочува дека фирмите работеле легално, а спорно за нив е обвинението кое е само за ДДВ, а не и за другите даноци.
Од Обвинителството, пак, ги отфрлаат ваквите тврдења како неосновани и најавуваат дека вината ќе ја докажуваат со материјални и вербални докази, како и со вештачење, потенцирајќи дека истрагата не го попречила работењето на компаниите.
-->
-->
