ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
Побавен раст и повисока инфлација. Војната на Блискиот Исток ги влоши прогнозите за економиите во светот. Цените растат, синџирите за снабдување се нарушени, а штетите врз економиите оргомни, пишува ММФ во најновиот извештај.
Светската економија ќе забави на 3,1 отсто, додека трошоците за живот ќе се зголемат за 4,4 отсто, но доколку војната потрае, може да достигне 5.4%. За Македонија Фондот прогнозира инфлација од 4,5%, иста како во Босна.
Од регионот, највиосока инфлација се очекува во Србија - 5,2%. Растот на БДП кај нас ќе изнесува 3,1% и после Албанија е меѓу највисоките во регионот.
ММФ алармира - ако конфликтот потрае, светот треба да се подготви за тешки времиња. Најпогодени ќе бидат земјите кои увезуваат енергија и имаат органичен простор за поддршка на граѓаните и бизнисот.
„За да го одржат кредибилитетот на нивната фискална политика, креаторите на политиките треба да воспостават внимателна рамнотежа помеѓу заштитата на фискалната одржливост и заштитата на оние кои се најтешко погодени и имаат најмал капацитет да одговорат. Добрата вест е дека многу земји досега избегнуваа нецелни намалувања на даноците, субвенции за енергија и контрола на цените. Не толку добрата вест е дека гледаме како некои земји воведуваат нецелни мерки, контрола на извозот или широко распространети намалувања на даноците. Иако намерата зад овие мерки може да биде добра - тоа е да се заштитат луѓето од шокот - ваквите нецелни акции само ќе ја продолжат болката од високите цени.“, изјави Кристалина Георгиева, шеф на ММФ
Од Фонодт сугерираат – помошта од растечките цени да биде насочена само за најранливите категории граѓани.
„Нашиот централен совет е да се заштитат најранливите, а воедно да се зачуваат ценовните сигнали за да им се помогне на економистите да се прилагодат. Високите субвенции за енергија или намалувањата на акцизите не се најдобрата алатка. Тие ги искривуваат ценовните сигнали, се фискално скапи, регресивни и тешко се ублажуваат. Плус, како што ќе илустрирам за момент, тие создаваат меѓународни прелевања. Трето, кога е потребна поддршка, таа треба да биде привремена и насочена кон најранливите. И треба да биде во согласност со фискалната рамка и одржливоста на земјите“, изјави Родриго Валдез, директор за фискални прашања.
Влијанието од војната го зголеми и светскиот јавен долг. За прв пат по Втората светска војна е на пат да надмине 100 отсто од БДП во 2029-та година. Од ММФ се подготвени да поддржат одредени земји со заем од 20 до 50 милијарди долари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
