Босанец издава балкон со поглед на стадионот во Зеница за Босна – Италија, му нуделе „Лада Нива“, тон компири...
Во пресрет на еден од најважните натпревари во историјата на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, интересот за дуелот против Италија достигна врв. Финалето од баражот за Светско првенство, кое ќе се игра на Билино Поле во Зеница, предизвика вистинска еуфорија кај навивачите.
Билетите се одамна распродадени, а дел од нив се препродаваат на „црниот пазар“ по екстремно високи цени. Посебно внимание привлече необичен оглас на еден жител на Зеница за следење на натпреварот.
Имено, Дино Мујановиќ преку социјалните мрежи понудил изнајмување на својот балкон со директен поглед кон стадионот.
„Изнајмувам балкон, цена 500 евра, балконот може да прими четири лица. Во цената влегуваат скара и пијалак по ваш избор. Само сериозни понуди во инбокс“, напишал тој во огласот.
Мујановиќ објавил и фотографија од погледот, покажувајќи дека неговата зграда се наоѓа во непосредна близина на стадионот, што овозможува одлична видливост на теренот. Иако, како што вели, огласот првично бил објавен на шега, интересот што следел бил неочекуван.
„Огласот го ставив од чиста шега, но веднаш почнаа да пристигнуваат неверојатни понуди“, изјавил Мујановиќ за медиумите.
Тој открива дека дел од понудите биле навистина необични.
„Ми се јави човек што ми нудеше џип ‘Лада Нива’ само за да дојде да го гледа натпреварот од балконот. Имаше и други понуди – еден ми нудеше тон компири, имаше навистина сè и сешто“, раскажува тој.
Иако сè започнало како шега, Мујановиќ не ја исклучува можноста балконот навистина да го изнајми.
„Ќе видам дали ќе се јави некој со навистина сериозна понуда“, додава тој.
Дури и во случај да го издаде балконот, тој нема да остане без можност да го следи натпреварот.
„Имам уште две соби од кои исто така може да се гледа натпреварот, па ќе го следам со друштво. Инаку, погледот од мојата зграда е многу подобар и поблизок отколку што изгледа на фотографијата“, вели Мујановиќ.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
