Стефан Михајловски со злато во Италија – Македонија со четири златни медали
Македонскиот кикбоксер Стефан Михајловски освои златен медал на турнирот во Италија во дисциплината кик лајт (+94 кг) во сениорска конкуренција, со што донесе уште едно злато за македонската репрезентација.
Михајловски до титулата стигна со три убедливи победи. Во четвртфиналето го совлада Италијанецот Франческо Криваро со 3:0, во полуфиналето беше подобар од Кристофер Марчев од Бугарија со 3:0, а во финалето триумфираше против Јанислав Ангелов од Бугарија со 3:0, при што борбата заврши со прекин.
Со овој успех Михајловски уште еднаш го потврди својот квалитет, имајќи предвид дека минатата година освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, а со настапот во Италија најавува уште еден силен резултат и на претстојното Европско првенство на ВАКО.
Македонските кикбоксери турнирот го завршија со вкупно осум медали – четири златни, еден сребрен и три бронзени.
Златни медали освоија:
- Силвио Мировски
- Петре Велков
- Калин Бабоски
- Стефан Михајловски
- Сребрен медал:
- Андреј Смилевски
- Бронзени медали:
- Мирко Василев
- Радослав Велески
- Давид Атанасовски.



Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
