Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета

Според научниците планетите имаат животен циклус: се формираат, еволуираат и на крајот „умираат“. Тие животниот век на Земјата го проценуваат на околу 9,5 милијарди години.
- Планетите започнуваат како микроскопски зрнца прашина во дисковите околу младите ѕвезди и растат преку низа судири, изјави за Лајв Сајанс астрофизичарот Шон Рејмонд од Универзитетот во Бордо, Франција.Според Рејмонд гасните планети, како Јупитер и Сатурн, започнале како масивни карпести и ледени јадра, а потоа преку апсорпција на гас станале гиганти. Стеновитите планети, како Земјата, минуваат низ судири со други планети и помали објекти, откако гасниот диск околу Сонцето ќе се распрсне.
- Може да се каже дека планетата трае додека не биде уништена, вели научникот Метју Рајнхолд (Matthew Reinhold) од Универзитетот Стенфорд
Според Рејмонд крајот на Земјата ќе дојде преку еволуција на Сонцето. За околу пет милијарди години, Сонцето ќе стане црвен џин, а растечкиот сјај ќе направи океаните да испарат. На крајот, Земјата можеби ќе биде проголтана или распрсната во меѓуѕвезданиот простор. Според научниците Земјата е типична ѕвезда како Сонцето, но повеќето ѕвезди во галаксијата се џуџесто црвени. Тие се помали, поладни и многу побавно го трошат горивото – што значи дека планетите околу нив можат да траат трилиони години.
- Внатрешните процеси на планетите, како тектониката на плочи и активноста на мантијата, исто така влијаат на нивната долгорочна стабилност. На пример, конвекцијата на мантијата може да трае 30 до 90 милијарди години, а топењето на мантијата од 16 до 23 милијарди години, вели Рајнхолд. Според него, животниот век на планетите зависи од:
- Големината и типот на ѕвездата – поголемите ѕвезди живеат пократко.
- Близината до ѕвездата – планетите блиску до топли ѕвезди можат да изгубат атмосфера.
- Гравитација на планетата – посилната гравитација ја задржува атмосферата.
На крај, дури и ако условите за живот се менуваат, карпестата планета останува. Со тек на милијарди години, таа може да доживее судири или да биде исфрлена од орбитата, но и понатаму ќе постои како астрономски објект, заклучува Метју Рајнхолд.
МИА
Ново на Сител
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
