Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник

За да ја одредат делегацијата што во Атина ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и темите и барањата што ќе ги покренат на средбата во вторник, земјоделците од цела Грција денеска одржуваат состанок во областа Никеа кај Лариса.
Откако владиниот портпарол во четвртокот упати нова покана до земјоделците и беше прифатена, во вторник Мицотакис ќе ја прими делегацијата на земјоделците во Премиерската палата.
Ставот на Владата е дека се отворени за дијалог, но дека нема простор за нови мерки за поддршка, а за средбата со грчкиот премиер потребно е да се исполнат два предуслови: прво, делегацијата на земјоделците да ги претставува сите блокови од целата земја и второ, состанокот да се одржи со отворени патишта.
Според земјоделците, тракторите ќе останат паркирани на автопатиштата, односно онаму каде што се од 30 ноември, по средбата со грчкиот премиер, ќе се вратат на блоковите за да го разгледаат исходот и да одлучат дали ќе продолжат со протестите или ќе се повлечат.
Во однос на граничниот премини Евзони кон нашата земја, што во изминатите два дена беше блокиран во периодот од 17 до 23 часот по македонско време (18 часот до полноќ по локално време), можно е и денеска во попладневните часови земјоделците да постават шестчасовна блокада за влез и излез од Грција за сообраќај на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси, а не е исклучена можноста со ова темпо да продолжат сè до вторник за кога е закажана средбата со Мицотакис.
Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.
МИА
Ново на Сител
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
-

Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?
-

Откажани преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија
-

Јавна расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри
-

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија
-

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија
