Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
На Балканското куп-првенство Balkans Best Fighters – Ниш, кое се одржува секоја година, македонските клубови традиционално настапуваат во голем број и редовно се наоѓаат на самиот врв.
Кик-бокс клубот Шампион Урко Тим оствари извонреден успех и беше прогласен за најуспешен клуб на првенството, освојувајќи вкупно 19 медали: 7 златни, 8 сребрени и 4 бронзени.
Нашите натпреварувачи освоија и пехари за најдобри борци во своите дисциплини. Од сите клубови учесници, Кик-бокс клубот Шампион Урко Тим е прогласен за првопласиран клуб во ринг-дисциплините, за што беше награден со посебен пехар.
Пехари за најдобри во своите дисциплини освоија:
Максим Митровски – најдобар сениор на ринг во Low Kick дисциплината
Лука Кипровски – најдобар сениор во К1 дисциплината
Милан Нешевски – најдобар јуниор на ринг во Low Kick дисциплината
Иван Кукуновски – најдобар јуниор во татами дисциплините
- Како тренер, исклучително сум горд на моите натпреварувачи. Овој успех е доказ дека трудот, дисциплината и посветеното време во спортот секогаш се исплатат и носат резултати. Продолжуваме со тренинзите во Магнус центарот, каде што е сместен КБК Шампион Урко Тим, а денеска заедно со натпреварувачите кои од оправдани причини не настапија викендов, како и со многуте рекреативци, ќе ги прославиме нашите победи. Бидете и вие дел од нашата победничка кик-бокс фамилија – дојдете да вежбаме заедно, изјави Дејан Митровски Урко.








Ново на Сител
-

Зеленски: Русија се повеќе ја чувствува војната на своја територија
-

Цените на нафтата растат откако Иран постави услови за повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Младенов: Отфрлениот од Нетанјаху план за Газа е „единствениот пат по кој треба да се оди“
-

Тебас: За мене, времето на Инфантино е одамна поминато
-

Нискиот водостој се заканува да ја прекине пловидбата по Рајна и да ја подели реката на два дела
-

Американски Ф-16 пресретнаа два авиона над голф-клубот на Трамп во Њу Џерси
-

Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
-

Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
