НИС соопшти дека останале без нафта; НБС - Прекинуваме платен промет со НИС ако не добие лиценца

Нафтена индустрија на Србија (НИС) попладнево соопшти дека рафинеријата за нафта Панчево почнува подготовки за прекин на работата, поради недостиг на нафта за преработка, предизвикан како резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата.
„Во првата фаза, постројките се пуштени во топла циркулација, а целиот процес се спроведува во согласност со законите на Република Србија, внатрешните правила на компанијата и најстрогите еколошки стандарди и правилата за безбедност и здравје при работа“, наведува НИС.
Рафинериските капацитети ќе бидат подготвени за почеток штом ќе се исполнат условите, односно штом ќе се добијат информации за достапноста на сирова нафта.
„Во овој момент, компанијата НИС продолжува да го снабдува домашниот пазар со нафтени деривати без прекин, благодарение на претходно обезбедените резерви“, се додава во соопштението.
Компанијата НИС наведува дека на никаков начин не придонела за воведување санкции што ја загрозуваат работата на компанијата и социјалната стабилност на повеќе од 13.500 вработени.
Народната банка на Србија денеска објави дека доколку компанијата НИС не добие лиценца за работење до предвидениот рок, ќе ги прекине платните трансакции со таа компанија.
Како што се додава, НБС ќе го стори ова за да не биде доведена во прашање стабилноста на домашниот финансиски систем на никаков начин, односно платните трансакции во земјата да функционираат непречено.
Народната банка на Србија доби предупредување дека доколку продолжи со платните операции со НИС, која е под санкции, ќе потпадне под секундарни санкции.
Гувернерката на НБС, Јоргованка Табаковиќ наведе дека „се надеваме дека нема да има санкции, а не сакам ни да размислувам што значат секундарните санкции, тоа би значело целосно блокирање на сите плаќања“, рече таа.
МИА
Ново на Сител
-

Мисајловски: Нашите македонски војници работат согласно највисоките НАТО стандарди
-

Сиљановска-Давкова од Криволак. Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите
-

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
-

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
-

Јане Ченто: Пресудата за „27 април“ е донесена врз основа на монтирана постапка со притисоци врз сведоци
-

Мерц: САД се „понижени“ од Иран, веројатно нема крај на конфликтот
-

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
