Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ

Морган Фримен, еден од најпознатите и најпочитуваните актери во светот, има eднa необична навика – секогаш носи златни обетки на ушите. Тоа, вели, е затоа што, покрај тоа што е глумец, тој е и страстен морепловец.
Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш носеле златни обетки за да имаат доволно пари за својот погреб ако починат во странство, Фримен ја пронашол вистинската причина за својот стил и имиџ.
– Вистината е дека ова вреди само колку да ми купат ковчег ако умрам на непознато место. Затоа морепловците носеле обетки и затоа и јас ги носам, изјави холивудскиот ветеран во интервју за „Гардијан“ (The Guardian), објаснувајќи ја својата поврзаност со морето. – Кога бев мал, гледав пиратски филм со Берт Ланкастер кој носеше обетка. Мислев дека тоа е „секси“. Потоа дознав дека морепловците носат златни обетки за да платат за својот погреб ако умрат во туѓа земја. Јас сум морепловец, па морало да биде така… Отсекогаш сум сакал обетки. А, тоа има врска и со мојата приврзаност кон морето, додаде Фримен.
Тој го исполнил својот сон да стане вистински морепловец кога го купил својот прв брод, наречен „Африканската кралица“, по филмот со Хемфри Богарт и Кетрин Хепберн. Фримен пловел по Карибите, Средоземното и Црвеното Море, „уживајќи во слободата и авантурата“, како што вели.
Актерот бил дел и од експедиција што ги истражувала остатоците од Титаник, заедно со режисерот Џејмс Камерон.
Кариерата на глумецот со препознатлив глас се протега низ повеќе од 60 години и вклучува улоги во филмови како што се оскаровскиот „Милионер од гетото“ (Slumdog Millionaire), „Сед7м“ (Se7en), „Неподносливата леснотија на постоењето“ (The Unbearable Lightness of Being) и „Бегството од Шошенк“ (The Shawshank Redemption). Тој е познат и нарацијата на бројни документарни и цртани филмови, а својот специфичен глас го позајмил и за улоги каде што го глуми Бог. Претстојнава сезона, Фримен ќе биде актуелен со третиот дел од „Сега ме гледаш: А, сега не“ (Now You See Me: Now You Don’t).
МИА
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
-

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар
-

Седница на Главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар
-

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ
