-->
-->
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-->

На денешното Генерално собрание на ВАКО Европската кикбокс федерација м-р Дејан Митровски - Урко е избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа.

Урко како репер за добар водач кој ја предводи Кикбокс Маитаи федерација на Македонија и исто така и ВАКО Балканската Кикбокс федерација каде е и нејзин претседател, едногласно беше избран за член на одборот кој ќе управува со европската кикбокс федерација следните четири години.

За претседател на ВАКО Европа е избран Еспен Лунд од Норвешка и дополнително беа избрани и членови на повеќе други одбори и комисии. На собранието се усвоија и завршната сметка за 24, финансискиот план за 25 и други тековни документи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
