Loading Video...
Свет
21. March 2024 - 16:40

Преглед на вестите од светот

Русија ќе преземе одмазднички мерки во согласност со сопствените инетреси и ќе го искорити секој правен механизам што и стои на располагање доколку ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за да купи оружје за Украина. Портпаролот на Кремљ, го даде коментарот утрово, пред  почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговра за ова прашања. Се проценува дека на овој начин би се обезбедиле околу три милијарди евра годишно дополнително финансирање за поддршка на Украина.

- Се разбира, ќе ги искористиме сите можни прави механизми, оние што се достапни сега и што ќе бидат достапни во иднина.  И, се разбира врз основа на реципроцитет нема да возвратиме со иста мерка, но ќе избереме различни методи на начин што одговара на нашите сопствени интереси, изјави Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.  

Прелдогот на ЕК за користење на профитот од руските средства за вооружување на Украина треба да биде одобрен од земјите  членки на ЕУ .  

„Апсолутно сум убеден дека од тука ќе испратиме јасен сигнал до Путин. Тој погрешно пресмета кога мислеше дека нема да можеме да ја поддржуваме Украина онолку долго колку што е потребно,  истакна германскиот канцелар Олаф Шолц. 

На дводениот самит на ЕУ теми се И  приширувањето  и ситуацијата на Блискиот Исток. 

Соединетите држави поднесоа до Советот за безбедност на ОН нацрт резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот во појасот Газа поврзан со ослободување на изарелксите заложници  кои  ги држи Хамас. Се уште не е закажана седница на која ке се гласа за предлогот. . Се надеваме дека членовите на советот за безбедност на Он ќе ја поддржат резолуцијата изјави  американскиот државен секретар  Ентони Блинкен. Претходно Вашингтон стави вето на две нацрт резолуции кои повикуваа на итен прекин на огнот во Газа.

Меѓународната агенција за атомска енергија во Брисел одржува ДВОДНЕВЕН самит за нуклеарна енергија, на кој присустуваат делегации од 30 држави, експерти  и претставници на индустријата, истражувачки центри, и на и невладиниот сектор. Домаќини на самитот се првиот човек на Мегуанродната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси и премиерот на Белгија Александар де Кро А  Тема е улогата на нуклерната енергија во намалувањето на употребата на фосилни горива,зајакнувањето на енергетската безбедност и поттикнување на економскиот развој. Активисти за заштита на животната средина  ги повикаа учесниците на самитот  , наместо на нуклераната да се фокисираат на обновливите извори на енергија.

„Тука сме да осудиме дека овој самит е саботажа на енергетската транзиција. Нуклеарната енергија е бајка. Тоа нема да ја спаси климата. Она што се случува овде е повторно стартување на нуклеарната индустрија и не се работи за менување на климата. Затоа бараме безбедна и сигурна енергија за сите луѓе со 100% обновливи извори на енергија“, изјави Паулина Бајер, Гринпис.