Преглед на вестите од светот
Втор ден хаос во српското собрание. Тешко оди седницата за избор на претседател на Парламентот. Доскорешната премиерка и потпретседател на владејачката Српска напредна партија Ана Брнабик.е единствениот предложен кандидат за таа фунцкија. Претставниците на двете опозициски коалации порчаа дека нема да гласаат за Бранбиќ. И Денешната, како и вчерашната седница почна мирно, но за кратко дискусијата продолжи со мегусебни навреди, свирежи и кошкања а за малку и физичка пресметка меѓу претставници на власта и опозицијата. Опозициските пратеници протестираат и против начинот на кој седницата ја води претседавачот Стојан Раденовиќ.
Расправата за избор на претседател на Сорбанието би можела да тае повеке денови преенсуваат спрксите медиуми.
Екстремниот недостиг на храна во делови од појасот Газа веќе го надмина нивото на глад и масовна смрт сега е неизбежна доколку војната веднаш не престане и наплив на храна не стигне до областите отсечени од борби предупреди Глобалниот мониторинг за глад. Министерството на здравство на Газа соопшти дека досега 27 деца и тројца возрасни починале од неухранетост. ОН, САД, ЕУ и бројни хуманитарни организации го повикаа Изарел да обезбеди целосен и неогрнаичен пристап за хуманитарни стоки низ Газа.
- Водечките светски експерти за несигурност во храната јасно документираат дека гладот во северниот дел на Газа е неизбежен. Повеќе од половина од сите Палестинци во Газа, Според извештајот, 1,1 милион луѓе целосно ги исцрпиле резервите на храна и се соочуваат со катастрофален глад. Палестинците во Газа трпат ужасни нивоа на глад и страдање.. Ова е катастрофа направена целосно од човекот, а извештајот јасно покажува дека може да се запре, истакна Антонио Гутереш , генерален секретар на ОН.
Во Катар продолжуваат прегворите помеѓу Израел и Хамас за прекин на огнот во Газа и за ослободување на повеќе израелски заложници. Египетските власти соопштија дека го убедиле Хамас да не го прекине учестовот во преговорите, откако израелската армија вчера ја зазеде болницата Ал Шифа во Газа и тие тврдат дека заробиле околу 80 членови на Хамас а неколку членови на Хамас биле повредени и ранети во борбите.
Само седум земји ги исполнуваат меѓуанродните стандарди за квалитет на воздухот се вели во новиот извештај за квалитет на воздухот на Ај кју еар, швајцарска оргазација за квалитет на воздухот која црпи податоци од повеќе од 30 000 мониторинг станици ширум светот. ОД 134 земји и региони опфатени во извештајот само седум, Австралија, Естонија, Финска, Гренеда, Исланд, Маурициус и Нов Зеленад ги исполнуваат ограничувањата на СЗО за микро честички испуштени од автомобили, камиони и индустриски процеси. Загадувањето на воздухот убива околу 7 милиони луѓе годишно ширум светот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
