Македонија
11. March 2024 - 16:35

Македонија не е на агендата на Ескобар, но во Австрија ќе разговара со ОБСЕ/ОДИХР за изборите во земјава

Американскиот специјален претставник за Западен Балкан стратува европска турнеја. Од Стеј департментот потврдуваат дека една од темите на интерес ќе бидат и претстојните двојни избори во Македонија.

До крајот на неделата Ескобар оди во посета на Белгија, Косово, Австрија и Црна Гора.

Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на Соединетите држави кон земјите од Западот Балканот додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка, се вели во најавата на Стеј департментот.

Во Австрија, специјалниот претставник Ескобар ќе се сретне со Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за да разговара за декемвриските избори во Србија и претстојните општински избори во Србија и националните избори во Северна Македонија, посочуваат оттаму

Во Брисел, Ескобар ќе се сретне и со специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Белград Приштина, а нормиализирање на односите помеѓу двете земји ќе биде во фокусот и на посетата на Косово на која се предвидени средби со државниот врв.

Македонија овој пат не е на агендата на високиот американски претставник. Ескобар последен пат во Скопје беше кон крајот на август минатат година, односно една недела по собраниската седница на која стартуваше првата фаза за уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Тогаш дојде со тврдење дека неговата посета нема за цел да изврши притисок врз опозицијата да даде поддршка на овој процес, но порача САД ги гледаат како природни парнери оние кои се посветени на ЕУ, НАТО и борбата со криминалот.