Нема да се продолжи важноста на пасошите, власта гласаше против барањето на опозицијата
Нема да биде продолжена важноста на пасошите со старото уставно име до крајот на годината. 46-те гласа од ВМРО ДПМНЕ и Левица не беа доволни да помине ваквиот предлог. Пратениците на ДУИ и СДСМ дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите, обвини пратеникот Ковачки.
Од опозицијата велат дека обвинувањата на власта дека се крши македонскиот устав со ваквото барање се неточни...
И Здружената албанска опозиција застана позади предлогот на ВМРО Дпмне, најавија дека ќе поддржат се што е во интерес на граѓаните .
Од СДСМ пак одлучија на седницата воопшто да не говорат на оваа тема, но за нив со вакви законски измени не се решавал никаков проблем со пасошите.За ДУИ ваквите барања на ВМРО ДПМНЕ биле за политички поени.
Барањето на ЛДП пак со кое се бара да важат пасошите до истекот на рокот во кои има печат „северна“ заглави на превод. Иако се очекуваше денеска да се најде пред пратениците, најверотно ќе ја чека следната пленарна седница.
Додека во македонскиот парламент пратениците меѓусебно се обвинуваат за тоа кој крши меѓународни договори додека граѓаните во странство остануваат затекнати , од Делегацијата на ЕУ велат дека секоја држава носи одлука како ќе постапува.
Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и обврските поврзани со обновувањето на пасошите, содржани во Договорот од Преспа.Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е надлежност на земјата-членка, велат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
