Македонија
10. February 2024 - 16:56

Koвачевски: Таравари не е фактор од кој зависи иднината на државата

И без Таравари европскиот фронт ќе постои, од него не зависи иднината на државата - екс премиерот Ковачевски остро кон довчерашниот коалиционен партнер Таравари. Иако пред неполна година го гледаше како соодветен за дел од Владата, за Ковачевски сега бил само лекар од Гостивар со негови политички калкулации. 

И додека Ковачевски уверува дека жива е идејата за европски фронт седна на маса и со косовскиот премиер Курти, кој јавно даде поддршка за албанската опозиција. Дали барал помош од него во предизборие и што се договара конкретно не одговори, но вели бил регионален состанок со Партијата на европски социјалисти.

Дали ќе има разидување и во трката за нов шеф на државата со ДУИ Ковачевски директно не одговара, особено по информациите дека Османи се спрема за таа позиција, но и Битиќи себеси се гледа како консензуално решение. Досега предложени биле истакнати поранешни функционери на СДСМ, секретари, судии, но потврди дека и Стево Пендаровски е дел од предлозите.

Во ВМРО-ДПМНЕ се уште се мерат рејтинзите на 22 имиња. Од партијата велат огласите се се уште отворени.

Во јавноста како потенцијални кандидати на опозицијата циркулираат имињата на професорите Гордана Силјановска Дафкова и Александар Спасеновски.