Македонија
2. February 2024 - 16:55

Тешко одат разговорите во албанскиот блок за испразнетото место во ДИК

На две недели пред распишувањето на претседателските и парламентанрите избори нема напредок во партиските разговори за комплетирање на Државната изборна комисија. На седмиот член во ДИК инсистираат и од Европскиот сојуз за промени, кој го бојкотира парламентот токму за ова прашање, но и од Алијанса на Албанците, која го изгуби столчето откако Кренар Лога од таму замина на министерска позиција.

„До сега знаете каде е проблемот. Работата беше блокирана во Собранието од страна на поранешниот претседател Џафери. Сега можеби со новиот претседател на парламентот работите ќе мрднат од мртва точка.. да видиме каков пристап ќе има во однос на ова прашање. Ние чекаме законски да се избере нашиот кандидат од опозицискиот блок', изјави Даут Мемиши, ЕСП

Од кај Митрески пак, кој во понеделникот седна на маса со албанската опoзиција, со одговор:
„Претседателот на Собранието е во комуникација со сите пратенички групи со цел да се најде решение за комплетирање на ДИК“.

Претходно, тој токму во интервју за Сител посочи дека според него решението е на гласање да бидат ставени двајцата кандидати кои го поминаа првиот филтер во Комисијата за избори и именувања: едниот на новата партија на Аријанит Хоџа, а кој го подржува и Алијанса и вториот од редовите на Европскиот сојуз за промени. 

Ова не е прифатливо за албанската опозиција бидејќи до сега на пленарна седница секогаш доаѓал само еден, веќе договорен, предлог.