Внатре во Собрание расправа, надвор протест против измените на Законот за игри на среќа
Внатре во Собранието расправа, надвор протест. За законот за игри на среќа дебатираа пратениците, а протестираа стотици вработени во обложувалници и казина против носење на измени на овој закон, но на кого ќе му се посреќи?
Над 10.000 вработени ќе останат без работа доколку измените се изгласаат во Парламентот, а 280 милони евра ќе има помалку во државниот буџет на годишно ниво. Во Македонија ќе се зголеми криминалот, а Власта ќе си го преземе бизнисот, тврдат од Асоцијациите за игри на среќа. Најавуваат масовни протести.
Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа десет амандмани за измените на Законот за игри на среќа, но и по нивното образложување на денешната Комисија за европски прашања, ниту еден не им беше прифатен.
Измените на Законот за игри на среќа предвидуваат дислоцирање на казината и обложувалниците на радиус од 500 метри од училиштата. Според приредувачите на игри на среќа ова значи ставање клуч на врата на легалниот бизнис, но се отвора можност за организирање игри на среќа преку интернет под капа на Државната лотарија.
Опозицијата, но и асоцијациите обвинуваат дека на овој начин ќе профитира само Владата поради фирмите кои ќе имаат дозола да организираат игри на среќа, а се блиски до власта и ДУИ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
