Македонија
5. January 2024 - 16:31

Албанската опозиција најавува блокада на избирачки места во Чаир и Тетово ако не добие место во ДИК

Пратениците на албанската опозиција од денеска ќе ја бојкотираат работата на Собранието и нема да учествуваат на седниците се додека мнозинството не го избере нивниот предлог за член на ДИК. Велат ова е само првиот чекор а ќе следи значителна радикализација која би можела да кулминира на денот на изборите

А токму полнењето на кутии е главната грижа на опозицијата. Тие стравуваат дека планот на власта е да ја остави албанската опозиција без член на ДИК и на тој начин тие да не можат да делегираат свои претставници во избирачките одбори. На тој начин, според опозицијата постои опасност во средини каде што ВМРО-ДПМНЕ нема свои набљудувачи гласачките кутии да ги чуваат само набљудувачите на ДУИ.
Од европскиот сојуз за промени за надеваат дека во таква ситуација и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече своите членови од ДИК.

Од таму пак велат дека се подготвени да го сторат тоа но се плашат дека во таква ситуација ќе ја остават власта сама во ДИК и тоа во време кога се врши надградба на системот за гласање со отпечаток кој ќе биде клучен за да се спречи очекуваното полнење на кутии.

Македонската изборна историја има прилично големо искуство со полнење на кутии особено во селските средини во шестата изборна единица каде што на референдумот беше поставен светскиот рекорд кога на одредени избирачки места во гласачките кутии паѓаше по едно гласачко ливче на секои две секунди.