Loading Video...
Свет
24. December 2023 - 16:35

Преглед на вестите од светот

Драматични снимки од спасување доцна синоќа во Белград. Познатиот сплав Картел потона додека голем број тинејџери се забавувале на концерт на сараевскиот рапер Цунами.

Според првите информации, објектот на кој имало околу 400 лица почнал да тоне откако настанала тепачка меѓу гостите и обезбедувањето на мостот што ги поврзува брегот и сплавот, кој во еден момент пукнал.

Објавените видеа на социјалните мрежи сведочат за  моментот на несреќата. Во обид да се спасат тинејџери скокнале во Сава и пливале до брегот, полицијата и пожарникарите евакуирале над 100 лица. Нема посериозно повредени, а истргата ќе ги утврди причините за потонувањето.

Белград ја завршува годината исто како што ја почна. на новогодишната ноќ потона и сплавот Фристајлер на кој според проценките имаше три пати повеќе гости од дозволеното. 

 

Целиот свет во слави Божиќ, но не  и Витлеем.

Наместо познатите традиционални Божиќни прослави на местото каде се верува дека е роден Исус Христос, годинава палестинските христијани одржаа мрачно бдение.

Во знак на солидарност со жртвите во Газа, црквите во Витлеем поставија макети на згради во урнатини и бодликава жица.

„Целиот свет го слави Божиќ оваа година, но не Витлеем, не родното место на нашиот господар Исус Христос. Витлеем го слави Божиќ со тага и тага поради она што се случува во Газа и на целиот Западен Брег, на сите палестински територии, Рула Маајах, палестинска министерка за туризам.

Витлеем е порака, не е град, тоа е порака за мир до целиот свет. Од ова свето место пренесуваме порака за мир до сите лидери во светот дека треба да има притисок да се прекине оваа војна, да се има храброст да се каже стоп за војната, стоп за крвта, убивањето и одмаздата, каде изгубени се многу животи; 20.000 луѓе не се малку, како и 50.000 ранети, доволно е, рече отец Ибрахим Фалтас.