Македонија
13. December 2023 - 19:51

Приведени 9 лица за уривањето на „Ан Хотел Шар“ – објект прогласен за културно наследство, заштитен со закон

Девет лица се приведен, а органите сè уште трагаат по уште двајца. Во големата акција на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР, приведена е група која кршејќи неколку закони го урна „Ан Хотел Шар“ во Старата скопска чаршија – објект кој се смета за културно наследство и е заштитен со закон. Според ОЈОГОКК причинета е штета од непроценлива вредност за државата, а Буџетот е оштетен 3 милиони евра.

Извршени се претреси на девет локации во Скопје, одземени се документација, мобилни телефони, два пиштола, пари, УСБ-уреди..

Меѓу приведените од групата чија акција траела од октомври минатата година до септември годинава, има и државни функционери. Првоосомничен е претседателот на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кој го извршил уривањето на Хотелот „Шар ан“. Меѓу членовите на групата, според надлежните, се и поранешен директор на Националната установа Конзерваторски центар, поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, поранешен заменик директор на Агенцијата за катастар. Приведени се и вработени во институциите, двајца бизнисмени и вработени во приватни компании кршејќи кои учествувале во уривање на објектот.

Без правен основ бил извршена и промена на Катастарската парцела – од градежно изградено во градежно неизградено земјиште со што го избришале објектот во евиденцијата на институциите.

Судија на претходна постапка ќе треба да одлучи за мерки за претпазливост за приведените.

-Иако во 2008 Собранието донесе закон за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, тоа не го спречи безредието. Законот остана ригорозен само на хартија, нешто пред нешто повеќе од една година беше урнат „Ан Хотел Шар“.

Според овој Закон, објектите во Чаршијата може само да се реставрираат со обезбедени заштитно-конзерваторски услови, но забрането е нивно рушење и уништување.

Во последните неколку години во медиумите многу често се пишува за бришење на автентичноста на Старата скопска чаршија со изградба на диви објекти за кои надлежните не можат или не сакаат да најдат решение.