Техничката влада за власта е законски утврдена, опозицијата се уште одлучува дали ќе се приклучи
Дали Артан Груби ќе му биде десна рака на Џафери во предводењето на техничката Влада како прв вицепремиер? Ковачевски беше дециден дека составот на Владата ќе се менува само според Пржинскиот договор.
Со оглед на тоа што во овој договор функцијата прв вицепремиер не постои, се поизвесно е дека Груби како прв вицепремиер останува на својата функција, чија задача е да го менува премиерот во негово отуство.
И додека Владината коалиција ги утврди имињата за технички премиер и нов претседател на Собранието во преодната Влада, велат законска обврска на ВМРО-ДПМНЕ е да постави свои технички министри во МВР и труд и социјала. Од опозициската партија пак, допрва ќе одлучуваат дали ќе бидат дел од преодната Влада.
Од она што останува неодлучено е, дали СДСМ и ДУИ ќе одат со заеднички листи на изборите, но и дали ќе одат со заеднички кандидат за претседател на државата.
Претходно Ковачевски, најави дека новиот претседател на Македонија ќе биде од редовите на СДСМ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
