Ковачевски: Во декември на средба во Собрание ќе договориме датум за избори
На средба во Собранието идниот месец ќе се носи одлука за датумот на идните избори. Премиерот и денеска не го спомна 8ми мај, но два пати потврди дека прифатил споен изборен процес идната пролет
Ковачевски не сакаше да открие дали со ДУИ ќе оди на заедничка листа. Рече, дека за тоа се уште преговара со Ахмети. Најави дека за многу брзо време ќе бидат готови измените во изборниот законик што според него ќе овозможи фер и демократски избори.
А за да бидат такви, опозицијата смета дека мора да се пополни испразнетото место во ДИК и дека тоа мора да го добие кадар од албанската опозиција.
Опозицијата веќе изрази задоволство по последната одлука на Премиерот да го прифати нивното барање за изборен процес на еден трошок.
Со избори на 8ми мај, мандатот на Владата на Премиерот Ковачевски завршува најдоцна на 29 јануари.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
