Власта и опозицијата почнаа да разговараат за избори
Власта и опозицијата веќе неколку дена преговараат за потребните реформи во пресрет на Претседателските и парламентарните избори. Информацијата денеска во Прилеп ја потврди опозицискиот лидер кој рече дека очекува брз напредок
Но разговорите кои во моментов ги водат власта и опозицијата се однесуваат само на технички измени на изборниот законик. За датум за избори разговори се уште нема. Партиите и натаму стојат на своите стари позиции
Во СДСМ стојат на ставот дека изборите треба да бидат во одвоени термини а премиерот пред неколку дена констатираше дека верските празници не треба да бидат оптоварени со избори. Но, се не зависи од него.
За избори се прашуваат и ДУИ а како што стојат силите во Собранието и Алијанса за Албанците која има 8 пратеници. Било која од овие партии заедно со опозицијата ќе има доволно пратеници да го распушти Собранието без разлика на желбите на останатите партнери во власта.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
