Пендаровски го свика Советот за безбедност - Ќе се оценува безбедносната состојба во земјава
Воениот конфликт во Газа, случувањата во Украина и ескалацијата на состојбата на Северот од Косово го вклучи безбедносниот аларм и во Македонија. Највисоките безбедносни служби во среда на пладне на состанок на Советот за безбедност ќе оценат дали е загрозена и сојстојбата во земјава.
На седницата која ја свика шефот на државата , покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.
Состанокот следува по гласањето на Јорданската резолуција во Обединетите нации со која се повикува на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје“ меѓу Израел и Хамас и побара непречен пристап на помош до опколениот Појас Газа.. Македонија остана воздржана. Според премиерот одлуката не била лесна, иако Македонија го поддржувала хуманитарниот аспект и итноста да бидат заштитени цивилите. Потврди дека, Фрчковски кој е амбасадор во ОН насоките ги добил од македонското МНР.
Изјава димитар Ковачевски, премиер
120 земји гласаа за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која беше поднесена од Јордан, а 14 гласаа против. Меѓу 45-те земји кои гласаа воздржано беше и Македонија .
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
