Македонија
14. October 2023 - 20:18

Конференција за предизвиците и перспективите за ЕУ-интеграција на поранешните претседатели од регионот

Германско – францускиот предлог за реформи, па потоа проширување на Европската унија неприфатлив за поранешните претседатели на земјите од регионот. На конференција од Скопје порачаа дека формалните заложби на европските челници за интеграции на земјите од Западен Балкан, не треба да зависат од конфликти или кризи. Актуелниот претседател на Македонија вели дека на Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука.

Во случајот со Македонија се направија сите преседани, вели поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски. Предложи земјите од Западен Балкан заеднички да побараат од ЕУ постепена интеграција, но не како алтернатива на полноправното членство.

Дека Европската Унија само декларативно се залага за идно проширување констатираа и поранешните први луѓе на Хрватска и Босна и Херцеговина. И Месиќ И Иваниќ се децидни дека најавите за ново проширување до 2030-та се се подалеќни со поделените ставови на земјите членки.

Конференцијата во Скопје е дел од циклусот настани поврзани со мирот и безбедноста во Западен Балкан одржани во последните две години во соработка на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.