Македонија
6. October 2023 - 16:49

Максим Димитриeвски во понеделник ќе го промовира новото политичко движење - Знам, За наша Македонија

Движење Знам, За наша Македонија – ова е називот на новата политичка партија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски која во понеделник на 9-ти октомври и официјално ќе биде промовирана.

Димитриевски за Сител вели дека очекува голем одзив од сите граѓани кои сакаат заеднички да ја водат битката за Македонија. 

Според Димитриевски, иницијативата која потекнала од Куманово, веќе е проширена и за почеток ќе има свои седишта уште во девет општини, но поддршка вели имало од цела држава. Без да открие кои се имињата кои стојат позади новиот политички субјект, кумановскиот градоначалник вели дека тимот го сочинуваат луѓе кои никогаш немале шанса да одлучуваат и менаџираат во име на граѓаните.