Македонија
5. October 2023 - 16:55

Мицкоски бара лидерска за избори: Да заштедиме време и пари

Мицкоски и денеска го кани Ковачевски на лидерска средба на која би се договорил датум за претседателските и парламентарните избори. 

Последен термин за вториот круг од претседателските избори е 5 мај идната година, истиот ден кога православните верници го празнуваат Велигден. Последните парламентарни избори се одржаа на 15 јули во 2020 што значи дека меѓу двата изборни циклуси има само 2 месеци.  Ако Собранието се реши да го турка целиот мандат, последен ден за избор на техничката Влада која ќе ги спроведе изборите е 7 април, што би се поклопило со кампањата за Претседателските избори. Согласно законите, Претседателот се избира во последните 60 дена од неговиот мандат а Собранието во последните 90 што значи дека нема никаква пречка изборните процеси да бидат споени и двата да одат каков во редовен термин, смета опозицијата.

Мицкоски, денеска во скопска Кисела Вода повтори дека изборите се единствената тема на која може да разговара со Ковачевски бидејќи темата со уставните избори за него е затворена. Обвинувањата од премиерот дека е мал Груевски кој ја кочи интегрцијата на Македонија, Мицкоски ги гледа како демонстрација на комплекси.

Мицкоски и Ковачевски последен пат на заедничка маса пред камери седнаа на почетокот на летото. Од тогаш до сега не излегле со заеднички став за ниту една важна тема.