Стефановски-Иџе: Со третата европска титула влегов во историјата

Испишав историја и ја направив мојата земја горда, порача денеска македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе на средба со новинарите во Скопје на која ги сподели импресиите од сезоната во која се искачи на европскиот трон во ридски патеки и го повтори успехот од 2014 и 2015 година.
До својата трета европска титула во кариерата Стефановски дојде во доминантен стил, со седум победи и осум рекорди во сезоната која ја комплетираше со победа во неделата во завршната трка во хрватски Бузет.
-Освојувањето на третиот трофеј ми обезбеди влез во историјата на ридско планински европски натпреварувања, како единствен освојувач на три титули, а за да биде задоволството уште поголемо, рушевме рекорди на осум патеки. Горд сум на себе, мојот тим и мојата држава, бидејќи навистина е престиж да се биде најдобар во толку силна конкуренција, изјави Стефановски на прес – конференцијата која по повод освоената трета европска титула попладнево ја организираше Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Стефановски рече дека зад себе оставил импресивна сезона во која се искачи на европскиот трон и покрај здравствените проблеми со кои се соочуваше на три од десетте трки.
-Јас секогаш одам на победа и рекорди и така беше и оваа сезона, која беше тешка од здравствени причини, но благодарение на мојот тим и мојата упорност постигнавме голем успех, додаде Стефановски.
Честитајќи му ја третата европска титула, директорот на АМС, Наумче Мојсовски, истакна дека Стефановски и во иднина ќе ја има сета потребна помош и поддршка.
-Огромна чест и задоволство ми е што до нас го имаме Европскиот автомобилистички шампион. Неговите резултати не обврзува нас, како Агенција за млади и спорт, а се надевам и целиот негов тим, да стоиме и понатаму зад неговите настапи од причина што Иџе е пример како се сака спортот, како се бранат боите на сопствената земја, како вистински се претставува татковината, истакна директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, порача Мојсоски.
Истакнувајќи го огромниот успех на Стефановски, неговиот менаџер Дане Кузмановски изрази „благодарност за поддршката од АМС и на сите Македонци кои живеат надвор од нашите граници, а во голем број ги следеа неговите трки“.
Кузмановски навести дека Стефановски од следната сезоната ќе се натпреварува во нова категорија, најавувајќи оти сите детали ќе бидат наскоро објавени.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
