Данскиот шампион Алборг го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Данска е поразен од Алборг со 38:23 (18:10).
Битолчани добро го почнаа натпреварот, имаа водство од 4:2, а до 20 минута од средбата беа и рамноправен противник со тимот на познати ракометни ѕвезди предводени од Микел Хансен и одличниот чувар на голот на домашнио тим, Ландин.
Нерешениот резултат 8:8 забрзано исчезна од семафорот кој на крајот од првото полувреме покажа 18:10, а во вториот дел на теренот имаше само еден тим, тимот на Алборг кој во 52 минута имаше и најголема предност од 16 голови.
Конечниот резултат 38:23 е реален одраз на покажаното на теренот, на кој најефикасни беа ракометарот Влах кај домаќините и Петровиќ кај битолчани кои постигнаа по 7 голови.
Во третото коло од европската ракометна Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува германскиот шампион Кил.
Ново на Сител
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
