Две од иницијативите на Лога влегоа во постапка пред Уставен
Уставните судии ќе ја оценуваат уставноста на две од вкупно 10-те оформени предмети кои Министерставото за правда ги оспори како неуставни. Според судот во сите поднесени иницијативи се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот.
Судот во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорените одредби во двата предмети се во спротивност со Уставот, односно дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Уставниот суд смета дека основано може да се постави прашањето за согласноста на оспорените акти со членовите 8 став 1 алинеја 3, член 51 став и член 52 став 2 од Уставот, стои во соопштението од судот.
Во јули до Уставниот суд пристигнале 10 иницијативи поднесени од Министерството за правда, а во август уште 10, но како подносител се јавува министерот Кренар Лога. Сите иницијативи се однесуваат на неиспочитуван рок за објавување.
Ваквата одлука на Лога следува откако Уставниот суд одлучи времено да ја стопира употребата на Упатството со кое тој воведе графа националност во изводите. Тогаш Лога се закани дека ќе ги оспори сите одлуки кои не се објавени во соодветниот рок.
Во втората фаза ќе биде јасно дали уставни судии ќе ги укинат ваквите оспорени акти.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
