Уште една нова партија во албанскиот политички блок
На повидок нова, 9та по ред албанска партија на политичката сцена. Најавата пристигна од независниот пратеник и поранешен член на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејд.
Новото политичко патување како што вели ќе го почне со незадоволните членови на Алтернатива. Во моментов се консолидираат ограноците во повеќе градови, а ако се оди според планот, новата партија се очекува да заживее кон крајот на следниот месец. Дури тогаш Реџепи вели дека ќе одлучува дали партијата ќе делува опозициски, со оглед дека во моментов тој иако е независен пратеник, редовно ги поддржува политиките на владејачкото мнозинство во Собранието.
Реџепи е свесен за големиот број албански партии на политичката сцена во земјава, но вели дека тоа не ги мотивира албанските граѓани да излезат на избори. Токму тоа ќе биде неговата цел.
Пред две недели нови партии формираа и Изет Меџити од огнената група на ДУИ и Аријанит Хоџа кој неодамна го напушти движењето БЕСА.
Поделбите во албанската опозиција стартуваа по формирањето на опозицискиот фронт Алтернатива-БЕСА-Демократско движење. Токму секојдневните најави за формирање на нови партии пред 10тина ја испровоцираа и изјавата на првиот човек на Алтернатива. Гаши вели дека целта на овие нови партии е да ги разводнат албанските гласови и да ја ослабат опозицијата, отворено коментирајќи дека во позадина на ова стои ДУИ.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
