Полицијата трага по лицето кое палеше дуќани во Старата скопска чаршија
Две лица се доближуваат до угостителски објект, по кратко време заминуваат и избувнува пожар. На кого му пречела кебапчилницата во Старата скопска чаршија на која и изгореа и двете работни простории. Во видео од надзорна камера кое до редакцијата на Фокус го доставил очевидец се гледа дека снимката е од недела во 21.31 минута. Настанот во полиција пак е пријавен вчера во раните утрински часови.
- На 28.08.2023 во 04.50 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил опожарен угостителски објект, сопственост на Ќ.И.(1988) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштиа Скопје, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Кој му пресуди на бизнисот на сопственикот на кебапчилницата и зошто е подметнат пожарот ќе соопштат од МВР кога ќе ја завршат истрагата. Неофицијално низ чаршијата зборуваат дека можеби причина е и неплатен рекет.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
