Македонија
28. August 2023 - 16:39

Ковачевски, Мишел и Денков порачуваат нема дру пат освен уставни измени - за Мицкоски избори се единствен излез

Бугарија нема намера да отстапи од позициите кон Македонија, Скопје мора да ги исполни сите обврски на кои се обврза пред ЕУ, порачал бугарскиот премиер Денков во интервју за весникот „24 часа“.

„Категорично не. Со реализирањето на т.н францускиот предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Тоа што се очекува, е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција “, изјави Денков.

И за премиерот Ковачевски и за високите европски претставници, спроведувањето на уставните измени, единствено можат да ги движат интеграциите напред. Од самитот во Блед порачува дека...

По билатералната средба со македонскиот премиер, првиот човек на Европскиот Совет Мишел вели дека целосно ја поддржува иницијативата за носење на уставните измени и покрај многу политички предизвици.

А лидерот на опозицијата Мицкоски кој во интервју за српска „Политика“ вели дека нема гаранции дека ова ќе биде последната промена на Уставот, обвинувајќи ја нашата дипломатија дека не се изборила за подобри позиции и гаранции дека нема пречки за интеграциите...од Берово порача дека предвремени избори се единствено решение за излез од кризата

И додека опозицијата тврди дека процесот на уставни измени однапред е пропаднат, шефот на дипломатијата Османи од Словенија испраќа порака дека менувањето на македонскиот Устав ќе заврши успешно во наредните недели и месеци.