Македонија
14. August 2023 - 12:31

Пензионерите од Охрид денеска на протести

Охридските пензионери наместо од Скопје поради немање материјални средстава а како што велат од сојузот им биле укинати автобусите повторно на протест но и овој пат од Охрид .Тие го кренаа својот глас и бараат линеарно а не процентуално зголемување на пензиите. Подршка од раководството на здружението на пензионери не добиле и побараа  нивна оставка.

Посочуваат дека едвај сврзуваат крај со крај со оваа стапка на инфлација со парите кои ги одвојуваат за лекови и храна им остануваат пари за само неколку дена .Пензионерите велат дека бараат пензии за живеење а не за преживување.

Пензионерите од Охрид велат дека не застануваат тука своите права преку протести ќе породолжат да ги бараат од надлежните институции.