Сообраќаен хаос во Охрид
Сообраќаен хаос и трка за паркинг во Охрид. И ова лето во градот кога има двојно или тројно повеќе возила се активира овој проблем најкритично е во шпицот на сезоната и за време на викендите кога буквално блокиран е цел град ,улици ,тротоари,приватните паркинг места пред зградите и куќите.
Нервозни охриѓани и туристи кои немаат каде да ги остават своите возила ваква е моменталната слика а реагираат и од агенциите за недвижности.
Градоначалникот Пецаков смета дека со катната гаража ќе се реши овој проблем за овој проект општината изготвила се што е потребно, но бил закочен кај стручна комисија на министерството за култура.
Паркинг услугите и недостигот од не една туку повеќе катни гаражи се долгогодишни главоболки на охриѓани и туристите .Во текот на летото градот располага со 900 паркинг места но потребни се уште најмалку 500 за да се задоволат потребите на граѓаните.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
