Власта објави манифест за преговори со ЕУ
Нов обид на власта да ја обезбеди поддршката на опозицијата во уставните измени. Владејачката коалција на СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и 8 помали партнери нудат Манифест до сите парламентарни партии за водењето на преговорите за полноправно членство.
Со документот партиите бараат Собранието да ги усвои уставните измени за автоматско и безусловно одржување на втората Меѓувладина конференција, без дополнителни одлуки од страна на земјите членки.
При тоа, пристапните преговори, како што пишува во Манифестот, треба да завршат под најповолните услови и во најкраток можен рок. Партиите бараат Владата во преговорите „доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ“.
„Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик да стане еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти“, пишува во Манифестот
Но, таму стои и дека партиите поеднакво се одлучни да се реазлираат сите обврски, особено во делот на добрососедските односи и правата на заедниците. При тоа, државата се обврзува да направи и патоказ за заштита од говор на омрза на лицата кои припаѓаат на малцинствата.
Надвор од овие обврски билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на ЕУ и со Копенхашките критериуми за членство нема да бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија“, пишува Манифесотот на владејачките партии.
Со документот се предивудва и механизам на соработка на сите партии, независно дали се власт или опозиција во односите со Брисел.
За власта ова е добар начин да се обезбеди политички и општествен консензус околу Европската унија и обврските што произлегуваат од нејзе.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека готоов Манифест од власта не може да се смета за понудена рака за политички консензус.
Сличен докумнет, со заложби околу тоа како Владата да ги води преговорите со Брисел, особено во делот на јазикот беше донесен и лани во македонското Собрание непосредно пред усвојување на францускиот предлог. Декларацијата која тогаш ја предложија СДСМ и ДУИ беше поддржана само од владејачките партии.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
