Каде заглави новата позитивна листа на лекови?
Само најави и ветувања а нови лекови на рецепт нема. Ако во мај министерот за здравство кажа дека набрзо ќе биде екипирана комисијата и компании ќе можат да аплицираат за воведување современа терапија, денеска Меџити со истиот одговор од пред два месеци.. Не може да има ревидирање на позитивната листа бидејќи се уште нема претседател на комисијата за таа да функционира во полн состав.
-Формирана е Комисијата, еве само наредната недела уште претседател и компании ќе можат да аплицираат, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.
И додека министерот не прецизира кога ќе биде новата позитивна листа, пациенти и лекари и денеска го потсетија дека има болни кои трошат пари купувајќи лекови од странство бидејќи во земјата не им се овозможени.
-Терапијата за хепатит б е сега досптапна 50 евра и се надеваме ке испреговараме со министерот да се најде на позитивната листа, вели проф.д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиника за Гастроентерохепатологија
-Се надеваме брзо ќе биде ревидирањето на позитивната листа за овие пациенти да имаат терапија која за нив живот значи, вели Милан Мишковиќ – Хепар Битола.
Ревидирањето на позитивната листа е како изградбата на новиот клинички центар. Приоритет на многу министри за здравство, но никој веќе 15 години не направил промени. Наспроти ветувањата, реалноста е дека во земјата има лекови кои одамна се надвор од употреба во развиените земји а пациенти наместо едно пијат по неколку апчиња за една дијагноза.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
