Македонија
20. July 2023 - 16:37

Опозицијата нема да учествува во процесот на уставни измени

- Неприфатлив, тотално неразумен и ги загрозува позициите на Македонија кон ЕУ. Ова се зборовите со кои лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го опиша текстот на владиниот предлог за уставни измени. Мицкоски стои на ставот дека Владата ги прекршила правилата за промена на Уставот бидејки доставила конкретен предлог текст иако постапката во Собранието се почнува со расправа и гласање за отворање на највисокиот законодавен акт, а не со амандмани.

За понудата на Ковачевски за надпартиски консензус за уставните амандмани, Мицкоски вели дека е предоцна и дека единствено за што може да постои консензус се предвремемни избори.
Од власта денеска молк, за тоа како ќе тече собрнаиската постапака за уставните измени со вака тврд став на опозцијата и без обезбедни 80 гласа. Пораките од таму се дека се уште има време за предомислување кај пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во име на евроинтеграциите. 

Во меѓувреме американската амбасадорка Агелер ја коментираше и вчерашната изјава на бугарскиот претседател Радев според кој уставните измени се само дел од обврските што Македонија треба да ги исполни.  Американската дипломатка предност му даде на својот надреден, претставникот на САД за Западен Балкан Ескобар кој рече дека работи со бугарската влада да нема нови услови за Македонија. Сепак, таа вели дека не е битно што велат ни Радев ни Ескобар доколку луѓето тука се посветени на ЕУ.

Владиниот предлог за уставни измени завчера стигна во парламентот. Собранискиот спикер веќе закажа стартна расправа во Комсијата заевропски прашања во вторник,  додека пак првата пленарка ја испланира за 18 август.