Македонија
19. July 2023 - 16:38

Уставните измени влегоа во Собрание, прва расправа следната недела

Уставните измени влегоа во Собранието, на седница ќе се најдат веќе на 18 август односно 30 дена по нивното доставување од Владата. Од кабиентот на Џафери веќе ги утврдија и роковите за расправа. Народните избраници прв пат за владиниот предлог ќе можат да дискутираат на Комсијата за уставни прашања и тоа уште во вторник. Со неа претседава самиот Џафери.

„Комисијата треба да расправа по Предлогот најмногу 10 работни дена. Со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седница за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши помеѓу 7 и 9 август.  По што, Предлогот ќе се разгледува на пленарна седница, на која дебатата трае до 10 работни денови“, објаснуваат од кабиентот на спикерот.

Премиерот Ковачевски вели дека измените не го загрозуваат идентитет и очекува надпартиски консензус за нив, како и поддршка на сите 120 пратеници.

Опозциската ВМРО-ДПМНЕ која е против уставните измени на координација ќе утврдува каков настап во парламентот ќе има нејзината пратеничка група. Мицкоски вели дека владиниот предлог содржински е целосно спорен и е надвор дури и од преговарачката рамка.

Шефот на државата Пендаровски пак, во своетот последно интервју иако вели дека уставни измени треба да има, тој со оглед на ставотите на ВМРО-ДПМНЕ не е оптимист дека и навистина ќе се случат.

„Јас сум еден од ретките, да не речам единствен од оваа структура што сега е на власт кој вели според изјавите што доаѓаат од опозицијата во овој момент е јасно дека нема две третини. Јас не велам дека не се разговара со пратеници, но од она што го гледам од средствата за јавно информирање, не можам да видам дека таму се менува расположението макар и кај еден пратеник за да можам да тврдам дека ќе има уставни измени“, вели Претседателот.

За уставните измени парламентот гласа три пати, од кои првиот и последниот пат со 2/3 и Бадентерово мнозинство. Целата процедура  со нацрт амандмани и конечни амандмани, до нивно усвојување  трае 3 до 4 месеци. Прогнозите се на Џафери се дека Уставот ќе биде изменет до ноември.

Целата собраниска процедура во Комсијата за уставни прашања и пленарните седници ќе бидат пренесувани во живо.