Македонија
29. јуни 2023 - 16:39

Социо-економскиот совет расправа за зголемување на платите на јавната администрација

Владата и синдикатите се уште далеку од договор за покачување на платите во јавниот сектор. Денешната средба на екононско социјалниот совет заврши неуспешно со мал напредок во корист на синдикатите за тоа од кога да почне да се чрименува новага методологија за редовно покачување на платите на администравијата. Наместо досегашната понуда усогласувањето на платите со минималната плата и коефициент на сложеност наместо од 2028 да се применува порано, односно од 2025 година.

„На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентиранa Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 - 2025 година односно зголемување на платите во период од 2.5 години“, информираше министерката Треневска која раководеше со средбата.

Скратувањето на транзицискиот период е придатливо за синдикатите, но не и за тоа колку ќе се покачат платите.

Нофицијално, Владата понудила 5 отсто покачување оваа година и 5 отсто до година. Втората опција што ја дала Владата е покачување на 3,3 отсто на вредносниот бод во администрацијата.
За синдикатите ваквото покачување е неприфатливо. Тие бараат како велат реално покачување веднаш согласно порастот на просечната плата односно минималната плата и инфлацијата односно покачување меѓу 12,5 и 14 отсто.

Во меѓувреме се уште трае  и предупредувачкиот штрајк на вработените во УЈП секој ден по два часа додека помирувачот професорр Илија Манасков не даде конкретни понуди.