Што утврди Државниот завод за ревизија за политичките партии за 2021 година?
Државниот ревизор утврдил неправилности во финасиските извештаи на сите три најголеми партии - СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Се работи за ревизија која Државниот завод ја правел за 2021 година, а кои во конечна верзија беа објавени денеска. Ревизија била направена сега веќе и на опозициската Алтернатива.
СДСМ во 2021 година остварила приходи од речиси 1,9 милиони евра. Социјалдемократите таа година потрошиле 1,8 милиони евра.
Кај владејачката партија ревизорите утврдиле дека партијата раполага со градежни објекти за кои не е утврдена сопственоста, а кои се преземени од партијата претходник односно КПМ. Според ревизорите оваа состојба е со години и најспорни се 7 објекти, од кои има објекти и во скопски Центар и Кисела вода. Од партијата на Ковачевски се правдале дека процесот е почнат уште во 1991 година и се уште трае.
Најголема забелешка е кај евидентирањето на чланарината.
„Средствата за членарина од секоја општинска организација во вкупен износ се уплатува директно на трансакциската сметка на партијата поради што не се обезедува целосен увид и потврдување на поединечните уплатени средства за чланарина“, пишуваат од ДЗР за СДСМ.
Проблем со чланиранита има и кај коалициската ДУИ. Таму ревизорите утврдиле дека интегративците што се на функција не го почитувале законскиот лимит за чланарина и уплаќале повеќе. Проблем има и во прикажувањето на точните суми на средства со кои располага партијата согласно внатрешните пописи.
ДУИ во 2021 година имале приход од над 1,9 милиони евра, а потрошиле 1,3 милиони евра.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ревизорите имаат резеврна во проценатата вредност на имотот на партијата, имајќи предвид дека од 2018 година дел од него е замрзант во судкси постапки. Приходите во партијата на Мицкоски таа година се намалиле за половина милион евра во однос на претходната и изнесувале 1,3 милиони евра, колку што и потрошиле.
За Алтернатива забелешките на ревизорите се најмали и тие се однесуваат на начинот на водење на сметкводството. Партијата на Гаши има најскромни приходи и трошоци. На сметката на Алтернатива во 2021 година легнале само 31 илјади евра, а годината ја завршиле во загуба бидејќи потрошиле речиси 33 илјади евра.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
