ВМРО-ДПМНЕ најавува нови детали како фамилијата на Ахмети и неговиот внук се стекнале со огромно богатство
Нови детали за семејството на Ахмети за вклученост во бизниси со институции за наредните денови, најавува опозициската ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на скандалот со неговиот внук Дрин кој на 24 години без проверка на потеклото на имотот, експресно го купи деловниот центар Соравија во центарот на Скопје.
Од партијата на Мицкоски обвинуваат дека семејството на Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, се стекнува со мултимилионски имот. При тоа велат, дека фирмата Топ Индустриес, што ја купи Соравија, основана пред две години токму од внукот била без профит.
Главниот владин партнер на Ковачевски, деновиве се соочува со тешки скандали за функицонери на ДУИ. Како што објавивме, пак, братот на Дрин Ахмети, 10 месеци по вработувањето во економија, заминал во Брисел, и на 16 март годинава е именуван за прв секретар за продлабочување на економската соработка со земјите од Бенелукс. Ова не се единствните бизниси во фамилијата Ахмети. Синот на Али, Шкумбин, неодмана пак, почна бизнис со производство на струја.
Актуелен е и случајаот со струшкиот градончаланик Мерко, кој американскиот Стејт департмент го стави на црна листа поради коруцпија и мешање во судски постапки.
Но, дел од надлежните институции се уште се препукуваат меѓусебе кој затаил во проверката на двата слуачи: дали Антикорупциската комисија или пак, вицепремиерката за добровладеење.
Првата антикорупцинерка Ивановска вчера рече дека не може да покрене постапка за внукот на Ахмети бидејќи тој не е функционер и дека нема закон за потекло на имотот кој заглавил со месеци во фиоката на вицепремиерката Грковска. Таа вели дека се избришани и клучни членови од нацрт-верзијата.
Наспроти ова, од кабиентот на Грковска денеска пак, излегоа со став дека законот е во последна фаза од неговото пишување и дека процесот се одвива внимателно со цел и да се заштити правото на сопственост, но и да се провери сомнителниот капитал.
„Целта на овој закон, е да се опфати секој незаконски стекнат имот, без оглед дали станува збор за носител на функција или за обичен граѓанин. Законот подразбира воведување на конфискација на имот во граѓанска постапка, односно имот за кој има сомневање дека не бил стекнат од законски извори, односно станува збор за несразмерно богатство кое не соодветствува на приходите.“, тврдат од кабиентот на Грковска.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
