Мицкоски прифаќа укинување на техничка влада за да има брзи избори, Ковачевски гледа потреба за крупни реформи
Дали есенски избори сепак стануваат најверојатно сценарио за разрешување на уставните измени потребни за да почнат преговорите со Европската Унија?
Мицкоски смета дека изборите се најприфатливо решение за да може да се добие легитимитет за уставни избори. Вели дека поседува информации дека пратеничките групи на СДСМ и ДУИ за наредната недела подготвуваат законски измени со кои ќе се укине техничката влада, што за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо.
За Ковачевски пак, најдобро решение е широка влада која ќе ги донесе уставните измени, ќе ги почне преговорите со ЕУ па дури да се оди на избори со или без техничка влада. Граѓаните сакаат европска држава, затоа и се иселуваат во земји на ЕУ, вели Ковачевски.
Во меѓувреме токму поради потребното 2/3 мнозинство во парламентот кое власта самостојно го нема, уставните измени со кои се внесуваат Бугарите во највисокиот правен акт се уште чекаат одлука во Владата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
