Рамиз Мерко и неговото семејство завршија на црната листа на САД
САД го ставија Рамиз Мерко на црната листа. Стејтдепартментот го прогласи струшкиот градоначалник за персона нон грата поради корупција и мешање во судските работи со што наштетил на македонските институции.
„Соединетите Американски Држави го прогласуваат градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, како генерално неподобен за влез во Соединетите држави, поради неговата вмешаност во тешка корупција. Додека ја извршува функцијата градоначалник на Струга, Мерко злоупотребил јавни пари и се мешаше во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери на Северна Македонија“, пишуваат од Вашингтон.
Денешната акција, според Стејтдепартментот, испраќа порака дека САД се за стабилна држава преку зајакнување на демократските институции и решавањето на недостатоците во владеењето на правото.
„Оваа одлука ја потврдува посветеноста на Соединетите Држави за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјата и ја намалува способноста на владите ефикасно да одговорат на потребите на својот народ“, пишува во објавата.
Освен Мерко, за персона нон града со забрана за влез во САД се прогласени и неговата сопруга и трите возрасни деца.
Според правните експерти, ваквата мерка иако е лична, сепак, пораката Е ПОЛИТИЧКА.
Информацијата дека градоначалникот на Струга е ставен на црна листа од страна на властите на САД е пред се порака до македонските граѓани во иднина да не даваат политичка поддршка на ваков вид политичари, потоа до ДУИ како партија од чии редови излегува градоначалникот дека е потребно да ги прочистат сопствените редови од политичари за кои постои општа перцепција дека се склони кон корупција и трговија со влијание. и секако ова е порака и до СДСМ како мосител на владта заедно со ДУИ, како на локално, така и на централно ниво, дека при избор на коалиционите партнери не треба главна водилка да им биде бројот на гласови кој доведува до сигурна власт, туку изборот на соработници кои овозможуваат просперитет на државата и владеење на правото.
Струшкиот градоначланик досега го следеја низ скандали. Во 2019 година Антокорупциската комисија му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба бидејки набави 4 службени возила вредни 114 илјади евра, од кои и едно за него луксузно Ауди А6 вредно 67 илјади евра. Беше вмешан и во скандалот со дивоградбите на струшкото крајбрежје кое е под заштита на УНЕСКО.
Мерко е трет македонски политичар кој во рок од една година се најде на црната листа на САД. Лани, за персона нон грата поради тешка корупција беа прогласени и поранешниот премиер Груевски, како и екс директорот на ДБК Сашо Мијалков.
На оваа листа на САД од 2001 година наваму се и други 11 лица, меѓу кои и Менух Тачи, Џаевад Адеми, Хисни Џемаили и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
