Предлогот за уставни измени оди на владина седница, Мицкоски и Ковачевски остануваат на различни позиции
Најверојатно утре, а најдоцна до крајот на неделава Владата треба да ги усвои уставните измени поврзани со преговарачката рамка, за потоа и официјално да почне собраниската процедура за нив, потврдуваат членови на Владата. Иницијативата за уставни измени чека на Илинденска бр 2 речиси три недели.
Во меѓувреме, нема поместување на позициите меѓу власта и опозицијата за измените на Уставот. Од лидерската средба Ковачевски – Мицкоски меѓу двете партии нема никаква комуникација.
Ковачевски смета дека има добра основа разговорите да продолжат на ниво на партиски тимови бидејки според него исполнети биле сите услови што ги поставил Мицкоски.
Гаранциите за македонскиот идентитет според премиерот се испорачани и преку германската резолуција за македонскиот јазик.
Мицкоски пак, чека одговор од Ковачевски за неговите два предлози од Клубот на пратениците за воопшто да продолжат некакви разговори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека резолуцијата на Бундестагот е доволна гаранција од ЕУ и вели дека СДСМ ги ризикувала добрите односи со Германија критикувајќи ја ЦДУ како идна владејачка партија.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
