Ромалитико оди на протест ако не се најде решение за погребот на Мемет Камбер
Во петок протест пред Собрание доколку до утре не се најде решение и не биде погребан Мемет Камбер кој пред три недели почина на КАРИЛ. Од невладината Ромалитико на овој начин ќе го изкажат револтот бидејќи телото на момчето долго време е во капела во Бутел а институциите се уште талкаат низ лавиринтот. Може ли само со веќе направената ДНК и утврдување на родителите да има преземање на телото или е неопходна и промена во изводот на Камбер каде наместо вистинската мајка е запишана неговата тетка. Од Карил го предале како непознато лице а Мој Термин бараат веродостоен документ од Управата за матични книги.
-Сметаме ако така се пристапи тогаш ќе се искомплицира и одолговлечи проблемот и бараме поедноставно решение за телото да биде рпеземено од родителите. Ова е индивидуален случај, но може да се повтори и ние тоа не го сакаме
Од Ромалитико велат дека овој случај е само еден од стотината во нашата земја кои или немаат извод, или се без лична карта и државјанство. Во Собранието се предложени амандмани на Законот за матична евиденција кои утре треба да се најдат пред пратенеиците.
-Да се осврне целата јавност но и оние кои се надлежни за решавање на овие проблеми бидејќи зборуваме за категорија на граѓани кои немаат пристап до здравствени услуги и ред други работи кои не можат да ги добијат.
Секое родено дете во Македонија да добие извод без разлика на статусот на мајката и таткото се дел од измените кои треба да дадат решение за дел од проблемите.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
