Продолжува расправата за законските измени потребни за договорот со Бехтел и Енка
Отсетчките од автопатите што ќе се градат со Договорот со Бехтел и Енка не ја поврзуваат земјава со европски држави, затоа изговорот дека се работи за изградба на Коридори што ќе помогнат во поврзување со Европската Унија не држи. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понатаму со критика за користењето на ЕУ за пакетот закони поврзани со изградбата на делниците.
Од власта пак, сметаат дека критиката на евроамбсадорот Гир за користењето на европскотот знаменце на законите била пречесто употребувана од опозцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ требало да слушаат што велат амабсадорите за уставните измени.
Во Комисијата за европски прашања денеска последен ден се расправа за измените на Законот за урбанистичко палнирање, со што за амаднманска расправа остануваат уште три од 5-те спорни закони. Утре пак, на пленарна седница се очекува да заврши расправата и конечно да се донесат измените на законот за работни односи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
