Македонија
3. May 2023 - 16:38

Анализа: Како одличен ученик може да стане масовен убиец и како да се заштитат училиштата?

Мирен и одличен ученик, талентиран и  добитник на награди од училишни натпревари. Како седмоодделенецот од Белград денес стана монструозен убиец? Психијатрите алармираат дека модерниот начин на живот и зависноста од интернетот и видео игрите ја зголемува агресијата и насилството кај малолетниците. Може да бидат многу паметни, но и екстремно одделени од околината без социјална интеракција.

-Тоа е губиток на реалитетот поврзано со други ризик фактори како што е насчинот на родителско воспитување и начинот на живеење. Употребите на негативните влијанија од социјалните медиуми придонесуваат за вакво однесување. Замислете дете кое цело време е дома, нема допир со реалноста, цел ден игра видео игра во која има убивање. Интелектуално може да е многу паметен но главното негативно влијание на модерниот начин на живот е во социјалната свера. Тие се социјално неразвиени личности, вели проф. д-р Стојан Бајрактаров психијатар

Дополнителен проблем е и булингот во училиштата кој е се поприсутен во образовните установи. Западните трендови се многу присутни и на балканот каде може да дојде до негативна идентификација на вакви трагедии и да бидат повторно пресликани на други места. -После вакви случаи сите да станеме алертни особено образовниот систем каде има психолози и психијатри каде треба да ги препознаат не само симптомите на одредена ментална состојба туку и знаците на зголемен ризик, вели Бајрактаров.

Има одличен модел кој треба да се применува соодветно и со вклученост на сите а тоа е проектот за безбедни училлишта, вели професорот Марјан Николовски.

-безбедно училиште значи да тргнеме од најниското ниво, да влеземе во секоја паралелка да биде формиран тим за безбедност во кој ќе бидат оние најталентираните ученици и да препознаат и детектираат некои значи или ризично однесување. Во тој тим покрај учениците членува и наставникот и претставник од совет на родители, вели проф др Марјан Николовски – факултет за безбедност.

Малолетниците се сензитивна категорија и затоа во делот на превенирање мора да бидат вклучени сите институции, вели Николовски.

-Реална е опасноста штом е во близина да се преслика, особено она што е атрактивно кај младите и затоа треба вклученост на сите. Впрочем, има одреден ризик за безбедност аво училиштата и да не дозволиме да прерасне во загрозување, вели Николовски.

За намалување на ваквите трагедии експертите бараат враќање на вредностите – норми, морал, свест.