Македонија
28. April 2023 - 16:33

Пратениците бараат да го добијат, а не да им биде презентиран договорот со конзорциумот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се незадоволни од најавите на собранискиот спикер Џафери и премиерот Ковачевски дека Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10 Д нема да им даден на народните избраници со безбедносен сертификат, туку само презнетиран од владин тим на затворена собраниска Комисија.

Од опозициската партија сметаат дека согласно Уставот и Законот за класифицирани информации имаат право да го добијат документот на разгледување за да утврдат дали има можно злоупотреби на народни пари. Од таму се согласуваат дека ако во Собранието нема услови за разгледување на таен докумнет, расположени се увидот да го направат каде што ттакви услови има.

Од друга страна, од  власта сметаат дека Договорот е стратешки и дека не се крие ништо, а пратениците ќе го добијат документот согласно процедурите што ги одредил Џафери.

Само претседателот на Собранието е надлежен за тоа каде и во која Комисија ќе биде проследен овој договор. Она кое што го бараа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го имаат на увид договорот сега во Собрание врз основа на процедура по деловник на Собранието ќе им биде ставен на разгледување.
ВМРО-ДПМНЕ  нема каде да бега и мора да даде одговор на граѓаните зпшто го блокира најголемиот национален капитален проект за изградба на 110 километри автопатишта за рок од 5 години... Целта на законите којшто ги поднесовме во Собранието е договорот да се реализира што побрзо и да чини поевтино. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да ги блокира овие Закони во Собранието договорот ќе чини многу повеќе и ќе трае многу повеќе време.

Милошоски заедно со уште десетина други пратеници од неговата партија што поседуваат безбедносен сертификат минатата недела поднесоа барање до Ковачевски да им го достави Договорот. Но, наместо на тие кои му побараа увид во документот, премиерот завчера испратил допис до Џафери дека владин тим е подготвен да го презнетира Договорот на затворена собраниска комисија на пратеници што поседуваат безбедносен сертификат. Одговор до Милошоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не бил испратен.