Вработените во тетовска болница добија нови правила за однесување на работно место и на социјалните мрежи
Не смее да има објавување на приватни информации и тајни на пациентите како и фотографии и видеа од амбуланта или операциона сала. Веќе два дена вработените во тетовската болница функционираат под нови правила за однесување на социјалните мрежи по скандалот со тик ток анестезиологот кој е во притвор. Менаџментот на установата им препорачува на медицинските лица да не објавуваат непристојни фотографии за време на празниците и да се воздржат од коментирање на актуелни политички и општествени теми.
- Целта е да не се повтори случајот со анестезиологот што за жал се случи. Најпрво, да се заштити приватноста на пациентите, но и угледот на болницата и медицинските лица. Што ако не се почитува правилникот, тогаш ќе има санкции а какви ќе утврди дисциплинска комисија, изјави Плумб Вела директор на тетовска болница.
Веднаш по празничниот викенд, Вела најави дека ќе има седница на Управниот одбор во болницата каде на дневен ред е и конечно формирање на Комисија за дисциплинска постапка. Наредната недела ќе се знае и на колкав временски период ќе му биде одземена лиценцата на анестезиологот кој на социјалните мрежи снимал и емитувал во живо пациенти и медицински персонал притоа користејќи вулгарни зборови. Ова не му било прв пат недолично да се однесува а осуда за неговата постапка на Тик ток имаше од бројни владини и невладини организации.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
